GreenLead обединува неколку искусни организации кои располагаат со сериозна експертиза и искуство во раководење со европските проекти.
Стопанската комора на Теруел е јавна корпорација чија цел е да ги застапува, промовира и брани интересите на индустријата, трговијата и услугите во провинцијата Теруел, Шпанија, како и да дава услуги на компаниите кои се занимаваат со овие активности. Комората е репрезентативна институција, која е независна и ефикасна и која гарантира промоција и поддршка на деловната активност на покраината. Нејзиното работење е регулирано+ со Основен закон, Закон 3/93 од 22 март 1993 година, кој ги утврдува надлежностите и правилата за работа, под менторство на Владата на Арагон преку Одделот за индустрија и трговија
The Innovation Hive е приватна, непрофитна организација, лоцирана во Лариса, Грција. Нејзината главна мисија е преку директно партнерство со засегнатите страни да донесе отворени иновации во различни области. Преку создавање на симбиотски сојуз меѓу општеството, академијата и индустријата, целта на Innovation Hive е да најде решенија за новите иновациски предизвици, да постигне раст, одржливост и да го максимизира своето позитивно влијание врз општеството.
Меѓународното училиште за постдипломски студии Јожеф Стефан (Mednarodna podiplomska šola Jožefa Stefana, MPŠ) е високообразовна институција и истражувачка организација основано во 2004 година. Училиштето вклучува наставен и истражувачки кадар, како и повеќе од 200 докторанти. Обезбедува најквалитетни постдипломски студии преку заеднички истражувачки и образовен процес. Тоа придонесува за премостување на јазот помеѓу науката и индустријата и зајакнување на улогата на науката и напредните технологии во општеството. MPŠ е академски огранок на Институтот Јожеф Стефан, кој ја формира нејзината истражувачка и инфраструктурна база.
Еко Логик е непрофитна организација основана во 2011 година со мисија да поттикне и поддржи позитивни промени во општеството преку промоција на екологијата како наука; на концептот на чисти производи; заштита и зачувување на животната средина; создавање нови „зелени“ работни места, особено во областа на одржливиот развој, енергетската ефикасност, зеленото социјално претприемништво итн. Организацијата е примарно фокусирана на дизајнирање и испорака на неформално образование за млади и возрасни во областа на одржливоста и одржлив развој, климатски промени, животна средина и урбана екологија, одржливиот транспорт, инклузијата итн.
Politeknika Ikastegia Txorierri е провајдер на образование, лоциран во шпанскиот баскиски регион. Интегриран како задруга во рамки на корпорацијата MONDRAGON, Txorierri е основан во 1979 година со заложба да обезбеди образовна понуда со највисок квалитет, покривајќи ги нивоата на диплома за више образование и стручно образование (EQF ниво 4 и 5). Секоја година училиштето обезбедува образование за повеќе од 400 редовни студенти и 1000+ возрасни ученици. Училиштето обезбедува гимназиско образование за наука и технологија и курсеви за СОО за контрола на животната средина и образование, телекомуникации и информатичка технологија, роботика, продажба и комерцијален менаџмент, машинска обработка, механички дизајн и машинско производство.
Институтот за стручна обука АКМИ е најголемиот давател на стручно образование и обука во Грција и еден од 7-те најголеми во Европа. Основана во 1989 година, моментално е активна во 9 градови низ Грција, со речиси 60% од вкупниот сектор за стручно образование и обука во земјата, обезбедувајќи постсредно образование, од нивоата 3-5 на EQF. Секоја година околу 18.000 активни студенти се запишуваат со намера да студираат една од 112-те специјалност, во повеќе од 380 лаборатории во 14 различни области, во рамките на повеќе од 37.500 м2 инфраструктура низ целата земја. АКМИ вработува приближно 1.200 луѓе како постојан персонал и соработува со голем број наставници кои се задолжени за доставување на курсевите до студентите. Постојаниот административен персонал на фондацијата АКМИ се состои од 170 професионални луѓе, кои знаат да ги инспирираат наставниците и академскиот кадар признати за нивните иновативни стандарди за истражување и настава, со што се формира високо мобилизирана заедница на Институтот.