Прв, воведен состанок на партнерите во GREENLEAD проектот во Теруел, Шпанија 🌿
Еразмус+ проектот „GREENLEAD“, официјално започна со првиот состанокот во Теруел, Шпанија, на кој, партнерите од четири држави од Европа се обединија со цел да ги договорат почетните активности за поддршка на зелена транзиција на малите и средни претпријатија (МСП).
🔍 Клучни теми за кои се разговараше на состанокот беа ✅ Дефинирање на професионалниот профил „Зелен лидер“ – компетенции и одговорности на зелените лидери за поттикнување на одржливоста на МСПа. ✅ Истражување на практиките за одржливост на малите и средните претпријатија – преку спроведување на деск и теренско истражување за да се проценат тековните вештини, алатки и недостатоци во напорите за зелена транзиција. ✅ Дисеминација и информирање – лансирање на официјалната веб-страница на проектот, каналите за комуникација на тимот преку социјалните медиуми и планирање на активности за вклучување на целните групи. ✅ Зелен прирачник – утврдување насоки за интегрирање на одржливи практики во деловното работење на тимовите.
📌 Следни чекори Во следните месеци, партнерите ќе спроведат истражување, ќе собираат мислења од малите и средни претпријатија и ќе развијат материјали за обука која ќе понуди поддршка на зелените лидери во бизнис секторот. Следете ги вестите од проектот и дознајте како можете да се вклучите во активностите кои следуваат!