Втора транснационална средба на проектот GreenLead во Атина 🌍

На 10 и 11 јуни 2025 година, конзорциумот нa GreenLead проектот се собра во Атина, Грција, на својата втора транснационална средба. Во текот на дводневниот состанок, партнерите ги разгледаа постигнувањата во рамки на работните пакети, дискутираа за клучните резултати и ги усогласија следните чекори за понатамошна имплементација на проектот.

🔍 Клучни теми на дискусија:
✅ Финализирање на професионалниот профил „Green Leader“ и прибирање на податоци од мали и средни претпријатија (МСП) и обучувачи во стручното образование и обука (СОО).
✅ Развој на алатката GreenWorks Toolkit и обука составена од 5 модули за стручно образование, насочена кон поддршка на зелената транзиција во МСП.
✅ Планирање на наставни материјали, евалуации и практични студии на случај за обуката.
✅ Преглед на стратегијата за дисеминација, со фокус на зголемување на посетеноста на веб-страницата и ангажманот на социјалните мрежи.
✅ Информации за финансиско управување, осигурување квалитет и следење на одржливоста.

📌 Следни чекори вклучуваат финализирање на резултатите од работниот пакет 2, унапредување на содржината и структурата на обуката, онлајн лансирање на алатката GreenWorks Toolkit, зајакнување на активностите за дисеминација и континуирано интегрирање на мерки за одржливост во целиот проект.